Блогот на Бубамара






         Нов Блог на БЛОГЕРАЈ

јануари 19, 2011

Бев еднаш девојче со срце од риба

Filed under: Некатегоризирано — brbuce @ 9:16 am

Се појави од негде еден чудак. Ме претвори во златна риба со срце од девојче. Голдфиш.  Бев дебелка,перките ми беа големи,но брзо учев да пливам, за да чудакот биде среќен. Неговата среќа ме правеше мене дупло посреќна.Се научив да пливам грбно,напред ,назад… Пробував да се завртам секако како што ке посакаше.И уживав во пливањето. Бев среќна златна риба. Иако имав вода во ушите и не слушав кога не требаше. Имав вода во муцката и не зборев кога не требаше.  Со секое растење на среќата на чудакот јас добивав моќ да исполнувам се повеќе и повеќе желби. Кажани и некажани. Станав вистинска златна риба. Само негова.Немав меморија за посетителите кои ме гледаа од страна. Штом ќе помислев на чудакот,се бришеше цела претходна меморија.

Послушна,понизна.Се погзив,се понижив да живеам живот рибешки.Да пијам од водата во која што мочам. И ме нервира што бев среќна со тоа. Глупача ниедна.

Еден ден,пријатели од чудакот почнаа да ми плукаат во водата. Дојде чудакот и се напна зошто сум била риба со срце од девојче ,па и он исплука. Се освестив од глупавоста,што од плуканиците,што од солзите и повторно станав девојче.

Сега,го сретав пак чудакот. Ми кажа дека му недостига мојата дебелштина и како тоа пливам. Не желбите. Не понизноста.Не умешноста да слушам и да не зборам кога не треба.  Не убавината на перките. Не умешноста да разбивам досада.

Кога се претворав,ми остана нешто за што цел живот ќе сум му благодарна.

corazón

Сега сум девојче со срце од девојче. Скроз погрешна комбинација за чудаци.

декември 29, 2010

“Ајде дома”,дел друг.

Filed under: Некатегоризирано — brbuce @ 7:59 am

Други поставија темел. Во сам старт незнаев да градам. Другите градеа за мене. Јас незнаев ни да гледам како се гради. Застанав на нозе-не памтам кога и како, се уште незнаев да градам,незнаев ни да зборувам,ни да мислам. Пак другите градеа за мене. Почнав да гледам како се гради,ама градев само од коцки и карти. А други градеа,пак за мене.

Пораснав малку -ја поставив првата цигла. Другите беа тука,помагаа. Полека, полека почнуваше да личи на нешто, замислував дека мојата соба ќе е весела,пријатна,искрена,топла…

Еден ден,тие што го поставија темелот престанаа да ми помагаат, отидоа да ги спасуваат нивните соби, кои почнуваа да прокапуваат. Собата беше готова,надворешно,привидно. Оние кои беа кај нивните соби,доволно помогнаа-но избегаа кога требаше да се постигне топлото,пријатното,веселото. Од прозорецот се гледаа нивните соби,како се рушат секој ден по малку, низ  тенките ѕидови се слушаше секој пад на ѕигла,а вратата кога и да ја отворев,наоѓав ѓубре од нивниот неред.

Крај мојата поминуваа нови,ме сакаа помалку од претходните,но меѓу нив имаше помудри,појаки ,кои можеа да помогнат. Поминаа едни што чкртаа по ѕидовите,и такви што бришеа после нив,па го корнеа ѕидот.Поминаа неколку што ја посетиле,а многу што претпоставуваа каква е внатре,имаше од оние кои се правеа дека знаат какво е секое делче,па ја фалеа или грдеа на другите. Да,и од тие што ќе застанеа и ќе се измочаа.И од тие што ќе варосаа и ќе поправеа. Гнаси што ќе растура и педантерии што ќе се трудеа на наместат се под конец,па пак ќе ја расипеа комоцијата.Поминаа и три мудри жени,кои точно ми покажаа кое делче-каде треба да стои…Тогаш мислев не треба да ги слушам,ама откако се тргнаа малку подалеку ,сфатив дека се во право.Помина и еден старец ,стори многу за неа-но никогаш не се врати да ја види и да се гордее со неа.

Јас растев уште и цело време уредував,преместував,преправав. Еден ѕид оставив бел. Ѕидот за слика,го викав. Слика сакав,што нема да ја смени собата,само ќе се вклопи на тој начин да и даде смисла.

Просвиреа неколку музики,додека не ја одбрав онаа што ми го храни срцето. Шкафот го наполнив со неколку стилови,додека не го најдов она што знаам да го носам,единствено нешто во него што не се промени беше белиот мантил. Еден ден го извадив и го ставив на сред-соба,да му се радувам,зошто се ближеше моментот кога ќе стои на мене точно како што треба.

Друг ден го облеков,и еве уште стојам на сред-соба,во изгужван мантил,блеам во ѕидот за слика. Некогаш имаше повеќе слики,некогаш немаше ни една..се трудев да најдам точно онаква каква што ке одговара,но или дречеа боите,или беа премногу бледи, и скроз проѕирни. Некои беа недоцртани,некои недобоени,некои шарени,некои еднобојни. Сега блеам во дупките од откорнатите клинци на кои стоеле.

А таму наспроти-неколку сантиметри под мојот поглед стои сликата што ми треба. Ја гледам,но не се осмелувам да ја закачам. Сликата е толку голема и толку убава што ќе ги покрие сите дупки,ќе го пополни целиот изглед на собата,а јас не ја ставам. Гледам час во неа-час во ѕидот и се прашувам дали ќе го пополни малото десно ќоше доле.Во еден момент ќошето станува повоочливо од цела слика момент ја замислувам како стои,и како ги слушам минувачите кои ќе се смеат на ќошето ќе се погласни од нејзината убавина,во друг се вртам наќај сликата и не ги забележувам оние што проаѓаат и гледаат,не слушам звуци,не ми пречи нередот надвор,осеќам мир.

Сепак,кукавички плашејки се да не ќошето порасне и  ги изгрди и собата и сликата, се свртев само накај ѕидот…..

ksjdbvkjdsbvksjvbksvs

На сликата имаше друга соба, со пеперутки како во мојата.

јули 20, 2010

Без наслов,без заклучок…..

Filed under: Некатегоризирано — brbuce @ 2:01 am

Проклето добро е зајдисонцето во мојот град. Посебно ако го гледаш сам. Ти влече мисли,како пес  сланина…Онака со сила те тера да размислуваш,не обрнувајќи ги грозните бубачиња кои излегуваат баш тоа време,ваљда по мирисот на скапана алга,кој не ми е омилен.

Денешново зајдисонце ми беше досадно. Толку долго дремев пред езерото,што на крај немав веќе е на што да мислам,ми се здосади…и сакав да се јавам на некој. Не. Тоа не од што ми беше досадно-туку од што не можам да се јавам на тој што сакам,па се обидувам да си направам копмензација… Не ми текна никој посебно ,па почнав да го прелистувам именикот.07блабла-стари броеви, пропаднати пријателки,досадниот убав келнер,професорка по хемија,неколку доктори, 7 броеви од такси,козметичарката и фризерката,бивши дечковци,удварачи,вујковци,тетки ,стринки,колеги –колешки,чистачки,5-6 боеви под име “Не одговарај“,асистентки,мајки и татковци на другарки…. Пратив пораки на нецели 2-3 броеви,онака чист поздрав… И се чудам што се слулува со пријателствата. Кој ги гради,кој ги руши,како се создаваат и како изчезнуваат?

Не може да е проблемот само во другите луѓе,но не можам да го најдам и кај самата себе.  Дали освен луѓето кои не разочарале,со оние другите пребрзо си здосадуваме и затоа не се одржува контакт?Дали животот и секојдневните обврски ни ги налагаат и  новите пријателства,па не тераат да ги подзаборавиме старите?Сигурно и вас ви се десило. Има еден куп личности,кои ги сакам и почитувам,кои мило ми е да ги видам,но онака случајно…ја немам онаа потреба да се јавам,да се договорам,да се слушнам. Некогаш добивам носталгија,но ме фаќа инат или срам што долго не сум се јавила,па пак нема да се јавам… Некогаш се лутам на неколкуте другарки кои си фатиле дечковци и ме заборавиле,на оние кои секогаш имаат некаква обрска,некогаш се лутам на сама себе што “немам време“ за луѓе кои ми значеле,некогаш не се лутам,си викам тие што треба да се тука-се тука…

Можеби и фејсбук е крив,можеби сум јас крива,можеби тие се криви….И да. Немам заклучок на овај пост.

јуни 21, 2010

би бииииииип!

Filed under: лично — brbuce @ 3:29 am

Кога се возиш во автобус и немаш со кој да зборуваш,како да го имаш целото време на свет за тебе,за размислување. Мразам автобуси,ама тоа чуство кога сум скроз сама,а опкружена со непознати,го обожавам.  Ги набљудуваш прво сопатниците,гледаш како влегува секој,каква торба макни и на кој начин си го зазема местото,го гледаш шоферот како го влече последниот дим од цигарата и се качува на позицијата. Во моментот кога се затвараат вратите,времето е твое. Гледаш низ прозорецот,додека се возиш низ градот ,гледаш луѓе,на секој можеш да се задржиш само по четврт минута. Си фантазираш каков им е животот. Се осеќаш како невидлив набљудувач на туѓите животи,како да знаеш се за нив. Излегуваш од градот и ти остануваат природата и твојата приказна. Кога бев малечка мислев дрвцата поминуваат и ми бегаат. Сега гледам во далечините и го гледам мојот живот. Повторно се чуствуваш како да си набљудувач,ама на соптвениот живот. Сега тоа што ми бега се слики од мојот живот,пријатели,случки,моменти… се каеш за нешто што не си кажала,а требало да кажеш,си замислуваш што би се случило ако си изреагирал поинаку,и имаш еден тон такви што-би-било-кад-би-било моменти. ..на крај,уморна од размислување,стигнуваш во друг град,и гледаш дека ти е полесно да ги замислуваш животите на другите луѓе.

Си велам животот ми е еден голем автобус,има многу луѓе кои како јас набљудуваат од него,некои туркаат кога ќе застане,други  го какаат,трети трчаат по него,четврти го пропуштаат.

А јас,јас сум шофер,стегам на гаста,менувам брзини,отварам и затварам врати и прозорци,бирам кој ќе ми се каче и различно им ја наплаќам картата. Налетувам на кривини,на семафори со црвено,на семафори со зелено, на дожд,на жешко сонце,на патарини,застанувам на бензиски,на станици,качувам и слегувам патници,пропуштам на пешачки,правам прекршоци,плаќам казни….и така се дури е воланот  во мои раце,а автобусот не се расипал.

shillong_old_bus

јуни 10, 2010

Глупава пеперутка…

Filed under: лично — brbuce @ 4:26 pm

Пеперутката сака цвеќиња.

Пеперутката им треба на цвеќињата.

И цвеќињата и требаат неа.

Цвеќето ја намамува пеперутката со својот мирис.

Таа слетува врз него.

Одкако добро ќе се изнаскока, пеперутката си оди.

Се враќа само ако цвеќето е вкусно,убаво,ако не кива од поленот…

Пеперутката може да одбере на кое цвеќе ке скока.

Цвеќето не може да избега од пеперутки.

Ова цвеќе беше од убавите.

Не се нишаше на ветрот како другите цвеќиња,беше стабилно,убаво,а вкусот беше проклето волшебен.

„Што ако ниедно друго цвеќе нема да го има истиот вкус?“

Не сакаше да проба.

Не слета на ново цвеќе,а ги  одбегнуваше и сите претходни цвеќиња.

Некогаш посакуваше да не би ги пробала никогаш,но тогаш не би ја осетила  убавината на нејзиното.

Понекогаш,се плашеше од  други пеперутки,и размислуваше да направи кафез.

Но…цвеќето под кафез би ја изгубило својата убавина,а и таа не би можела да лета слободно.

Знаеше дека вреди да го замени летањето со неговиот вкус ,но се откажа од кафезот.

Во полза на цвеќето,во полза на крилата,во полза на долговечноста на нивниот взаемен живот

kokiceeee

…посакувајќи никогаш да не одлета.

јуни 9, 2010

Ништо,пријателе…

Filed under: лично — brbuce @ 3:07 am

Денес еден пријател ме праша,кој дел од животот сакам да го избришам. Цел ден размислувам. Си правам ретроспектива.  Ми  текна на многу случки,пресвртни  точки,пријатели…На блиските и тие не така блиски,стари пријатели,нови,оние кои ги гледам секој ден и оние кои ги гледам  ептен ретко,оние кои ми должат малку и оние на кои им должам многу,оние со кои пијам кафе и оние кои ми се се во животот. Ми текна на ситуации,на мои грешки,на туѓи грешки…И сеуште се прашувам : Дали би ги избришала ситуациите во кои сум била заебана,повредена,расплакана или оние во кои сум предизвикувачот на истите?

На пријателот му одговорив дека не би ја избришала тагата ,неуспешните врски ,пропаднатите пријтели и  солзите. Кажав,тие ми се урнек за понатака. Би ја избришала секоја ситуација каде јас сум направила кикс,реков, зошто чуството е поинакво кога ќе осетиш дека си бил заебан,тоа поминува,а она кога си направил намерна или ненамерна грешка е тоа што те мачи навечер,што  ти ја гризе совеста. Пријателот  искоментира дека сум великодушна,а јас се замислив и сфатив дека тоа беше крајно глупав одговор.

Тоа што посакав да го избришам,таа грижа на совест,ми е многу поголем учител од  неправдите што ми ги нанеле  другите ,кои ако не ми е дневникот би ги заборавила. Тоа е тоа што се памети  да ме потсеќа што ЈАС не треба да правам.

Неправдите од  другите не можеш да ги одбегнеш,но затоа лесно ги забораваш,тие ги брише самиот живот.Наспроти нив-можам да ја контролирам секоја моја грешка,а затоа што не ја заборавам  денес  прави од мене подобар човек.

Единствено што би избришала  е одговорот на прашањето….IMG_0048[5]

април 1, 2010

Нацртав линија

Filed under: лично — brbuce @ 4:51 am

Одам по неа,а гледам зад  мене.Не гледам кога тој оди пред мене.Некогаш одиме заедно, а некогаш брзам и го оставам зад мене. Го зафркавам ,го стававм во опасност,му угодувам,го сакам,го мразам…

Има  точки со кои полесно  ја формирам. Некои заостануваат,но уште стојат.За некои нема место. Некои избегале,некои сум ги избркала. Други се појавија сами без да ги викнам.Трети си гледаат од страна.Едни ја разубаваат,други ја грдеат.Си одат,се враќаат,носат нови.А линијата се полни.Дури и да фали точка,проклетата линија се полни.

Си правам планови,за тоа каде ќе ја продолжам,а ТОЈ стои цело време и се смее. Урла на неа,ме гледа како си играм и ме покажувва со прст.

“Кој си?”

“Животот.Те гледам  како црташ,се забавувам кога те лутам  и иронично си се смеам.”

“Ми е гајле.Дури и  така си ми убав.”

“Ти ебам будалата.”

“Те сакам и кога ме ебеш.”

2009-05-30-Lifeline

февруари 10, 2010

Taa

Filed under: лично — brbuce @ 1:51 pm

Велат дека се менуваат луѓето.

Но таа беше постојана.Во својата променливост.

Ја сметаа за зрела,паметна,искусна,а беше најголемото детиште за кое некогаш сум слушнала.

Се смееше цело време.Тие мислеа дека сме едни од најбезгрижните девојчиња.А секој момент го доживувавме два пати.Едаш јас и тие околу мене,а друг пат таа,скроз сама.

Анализираше,пресметуваше…и секогаш применуваше различна постапка,а добиваше ист резултат.Неточен.И повторно..и повторно….

Сакаше исто колку што јас  сега мразам,а после пак ќе сакам да патувам.Влетуваше од воз во воз…секогаш во различно купе,со различни луѓе,а иста дестинација….во пичку матер.

Мразеше исто колку што тие сакаа што е непредвидлива,на два начини.

Бетер од  празен резервар кога доцниш ,од скроз погрешен тип во кладилница,од  снег во јули,но и бинго кога немаш пари,топол кревет во јануари…едни одвратни исто колку што други убави,но не и невозможни.

И да.Одржуваше ветувања на сите,освен мене.Беше искрена со сите,не и со мене. Ги расположуваше сите,само не мене.

Еве ја пак.Мрчи,ми ветува нешто.

Пссссссст!Слушам како ми вика ќе си заминела од мојот глупав мозок.

Повторно лаже.****

јануари 23, 2010

Шестоноги идиоти

Filed under: лично — brbuce @ 4:37 am

Имам бубачки во соба.

Излегуваат после полноќ.Два вида.

Едни-не знам од каде,а сакам да знам.

Другите џабе што знам од каде.

Првите се мушкаат по ќошевите.

Вторите не можам да ги видам.

Еднаш една најдов во кревет.Ја смачкав.

.botfly3

Онаа невидливата,остана за секогаш после полноќ да се слади со по еден неврон.

Мразам бубачки!

јануари 21, 2010

Фројд ве заебал

Filed under: блогосфера — brbuce @ 3:39 pm


Да е жив ке му ја ебам мајката дури не ми каже колку го плаќале за да ги наметне ЉУБОВТА и СРЕЌАТА како поими.Како срања во кои веруваат добар дел од слепите посетители на светов. Или му наредиле да ве заебе за паметните да владеат со овци како вас или кутриот мислел ќе ви олесни ако им зацрта верба во нешто што е толку убаво. Сакал неќел кретен е и ве заебал. Ај вас слепите,не заебал и нас што не му веруваме,зашто сме опкружени со вас и не можеме да ја добиеме битката со вашите закржлавени умови.

Како може бе мочкото да ми препиши на мене низа чуства и телесни реакции кои мора да се исти со неговите,па и да сака потсвесно да ме натера не само да верувам ,туку и да се осеќам како што налага?
Ајде ,кажи ми: каков е твојот живот? Среќен си?Секогаш ли си бил среќен?

Тоа е мометална реакција,моментално задоволство,моментална сатисфакција. Нема човек што бил потполно среќен,а има еден куп несреќни идиоти,кои веруваат во среќа,и баш поради тоа се “несреќни“.Јас би рекла незадоволни од своите достигнување,од неисполнети очекувања,од неостварени сонови и желби.Лековерни дебили кои место да се борат сами да ги исполнаат чекаат на нивната судбина и среќа.

Си бил заљубен? Колку пати си се заљубил?
Дали секогаш си бил среќен кога си бил заљубен?
Не,а?
Нели љубовта е семоќно срање?Нели е магична и непобедлива?

Кажи ми,што ке ти се ебаните пепрутки во стомак кога си во врска,ако нема разбирање,толеранција,флексибилност,исти интереси,многу хемија и добар секс?

Малку глупави телесни реакции и повеќе навика кон некој и желба за нешто =љубов?

Зошто да сте глупави и да дозволите ебаната навика да трпи над кавгите,над лошиот секс и над болната љубомора?

Не сум можела никогаш,нема ни сега да ви го објаснам.
Верувајте ако ви е полесно,ама не ми љубоморете што мојата фаца е понасмеана од вашите!И дури јас си го живеам мојот живот,се борам да ги остварам моите очекувања,се забавувам немислејќи на среќа,се ебам не мислејќи на љубов,вие слободно нарекувајќи ме песимист и скептик,стоeте во место и бидете “несреќни“,“среќни“,“заљубени“ или “незаљубени“.Кур ме боли!

Next Page »

WPMU Theme pack by WPMU-DEV.